ПРЕДАНИЕ ЗА БОРОТ КРАЈ С. ДИОВО (БИТОЛСКО)

Селото Диово е под Пелистерската планина. Близу до селото имат еден бор. Никој не знаел од колку години е стар. Тој бор бил никнат од едно дете симиџијче што продаало тамо симиди во старо време. Еве како ми прикажуал еден селанин од истото село една вечер на Винцки ан во Битола пред 10—15 го-дини:
Симиџијчето, како што продаало симиди, врвело тамо кај што е боро и клекнало да шета, та се избришало со еден симит и, за чудо големо, симидо му ватил очите, што рекле стари, та си умрело на часот, и на местото си го закопале селаните. На годината му никнал борот од гробот и растил, како што и порастил; што гранки од тој бор сет, како рака чоечка со отворени прсти, како да му кажуат на луѓето со рака, да не напраат такваа грешка со леб али симит, како што напраило тоа и умрело без дена.
Селаните се пазат од тој бор, да не се додирнат од него, а не гранка да пресечат. Секој со криво око го гледат, и секое видуаше него, се ќе си намислат за симиџијчето што грешило и поганило симидот.
— Да од ваквие грешки што се сториле на луѓе треба да се чисти лебо, пријателе мој — ми рече старио диовчанец.

Преземено од:ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков
Редактирал д-р КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ
Соработник БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ
Издавачи МАКЕДОНСКА КНИГА ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР
СКОПЈЕ -1980

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en