БИЛБИЛ-КАМЕН

За Билбил-камен има и едно друго предание во битолчаните. Еве како велаат: Кога ќе се пуштело езерото што е на планината Пелистер, себепот ќе бидел на пуштањето езерото од една плоча што го држало да стоит и да не истечит удолу за да ја удаит Битолата. Арно, туку од тоа нешто куртулија немало, кога и да е ќе се давела Битола и друго чаре не бидуало. Арно ама можи некој да речи: кога ќе се давит, треба да кажит тој што велит оти ќе се отпуштело езерото.
Колку за тоа, и јас му реков на тој што ми кажа така, арно ама тој на мене ми рече оти Господ знаел за таа работа коа ќе бидело; а оти ќе било, бездруго ќе си било, као две и две четири.
Ем коа ќе се отчепела плочата што го крепи езерото, прао ќе паднела на каменот Билбил-камен и ќе го турнела плочата, та ќе го дотерала стреде во г. Битола на Житни пазар.

Преземено од:ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков
Редактирал д-р КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ
Соработник БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ
Издавачи МАКЕДОНСКА КНИГА ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР
СКОПЈЕ -1980

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en