ПЕЛИСТЕР-ПЛАНИНА

На планината Пелистер, што ет до Битола, и незе името и го клал дедо Нојо. Еден ми кажуа (Георги Стефанов од с. Бабино) оти, кога спаѓала водата, ја видел дедо Ное Пелистер малку зацрната колку едно перо орлоо и од перо што рекол Нојо Пелистер се нарекла.
А друг старец ми е прикажал оти кога спаѓала од потопот вода, се виделе стените (камењето) обелени и Нојо рекол:
— Бели сет стени на онаа планина.
Од името Бели Стени, се завртело Белистер и најпосле Пелистер.

Преземено од:ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков
Редактирал д-р КИРИЛ ПЕНУШЛИСКИ
Соработник БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ
Издавачи МАКЕДОНСКА КНИГА ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР
СКОПЈЕ -1980

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en