Српски Конзулат

Српски Конзулат
Аспирациите на соседните балкански држави кон Македонија се вкрстосувале за нејзино освојување целосно или делови од неа. Така и српската држава за реализирање на своите освојувачки аспирации, започнала со националистичка пропаганда, при што посебна улога им била дадена на нивните дипломатски претставништва што ги отворила во Македонија. Веќе во 1887 год. била потпишана Конзуларна конвенција помеѓу Србија и Отоманската држава, според која Србија добила право да отвори свои конзулати во Солун, Скопје и Битола. Првиот српски конзуларен претставник во Битола бил Димитрија Боди кој на должност стапил 1888 год. Прва задача на српската пропаганда била да се формираат општини кои ќе се борат за отворање на српски училишта, бидејќи Србија прилично заостанувала од Грција и Бугарија по тоа прашање. Поради стремежот за освојување на терен, сфери на влијание помеѓу конзулите од соседните Балкански земји се водела беспоштедна борба, но често имало и џентлменски спогодби. Така на пример карактеристичен е договорот помеѓу грчкиот конзул А. Пезас и српскиот М. Ристиќ, според кој грчкото влијание да не продира северно од Прилеп и Крушево, а српската пропаганда, јужно од Битола, а бугарската страна била прогласена за заеднички непријател. Во 1895 год. со српскиот конзулат раководел Милојко М. Веселиновиќ, а во наредната 1896 год., М. М. Василевиќ. Во годините пред Илинденското востание Михајло Г. Ристиќ со своите извештаи до своите претпоставени во Белград давал исцрпни податоци за Илинденското востание од повеќе реони во Битолскиот револуционерен округ. По заминувањето на Ристиќ од декември 1903 год., за нов конзул во Битола бил назначен Светозар Станоевиќ кој на таа должност останал до крајот на 1906 год.
Српскиот конзул Милојко Веселиновиќ, 1897 год.
По отповикот на Станоевиќ од 1907 год. до 1908 год., српските интереси ги застапувал Вице конзулот Сава Томиќ, а од Февруари 1908 год. должноста му ја предал на конзулот Љубомир Михајловиќ. До 1912 год., се вршат тајни спогодби помеѓу Бугарија, Грција и Србија за војна против Турција и во тоа меѓусебно договарање значајно место имал и српскиот конзул во Битола.
Зградата денес, а некогаш Српски конзулат
ул. Кирил и Методиј бр. 18
Објектот е изграден при крајот на 19 век и е решен со визба, приземје и кат. Расчленетоста на ѕидните маси е постигната со поластри, венци и симетрично поставени прозорски отвори.

Аспирациите на соседните балкански држави кон Македонија се вкрстосувале за нејзино освојување целосно или делови од неа. Така и српската држава за реализирање на своите освојувачки аспирации, започнала со националистичка пропаганда, при што посебна улога им била дадена на нивните дипломатски претставништва што ги отворила во Македонија.

Веќе во 1887 год. била потпишана Конзуларна конвенција помеѓу Србија и Отоманската држава, според која Србија добила право да отвори свои конзулати во Солун, Скопје и Битола. Првиот српски конзуларен претставник во Битола бил Димитрија Боди кој на должност стапил 1888 год. Прва задача на српската пропаганда била да се формираат општини кои ќе се борат за отворање на српски училишта, бидејќи Србија прилично заостанувала од Грција и Бугарија по тоа прашање. Поради стремежот за освојување на терен, сфери на влијание помеѓу конзулите од соседните Балкански земји се водела беспоштедна борба, но често имало и џентлменски спогодби. Така на пример карактеристичен е договорот помеѓу грчкиот конзул А. Пезас и српскиот М. Ристиќ, според кој грчкото влијание да не продира северно од Прилеп и Крушево, а српската пропаганда, јужно од Битола, а бугарската страна била прогласена за заеднички непријател. Во 1895 год. со српскиот конзулат раководел Милојко М. Веселиновиќ, а во наредната 1896 год., М. М. Василевиќ. Во годините пред Илинденското востание Михајло Г. Ристиќ со своите извештаи до своите претпоставени во Белград давал исцрпни податоци за Илинденското востание од повеќе реони во Битолскиот револуционерен округ. По заминувањето на Ристиќ од декември 1903 год., за нов конзул во Битола бил назначен Светозар Станоевиќ кој на таа должност останал до крајот на 1906 год.

Милојко Веселиновиќ

Српскиот конзул Милојко Веселиновиќ, 1897 год.

 

По отповикот на Станоевиќ од 1907 год. до 1908 год., српските интереси ги застапувал Вице конзулот Сава Томиќ, а од Февруари 1908 год. должноста му ја предал на конзулот Љубомир Михајловиќ. До 1912 год., се вршат тајни спогодби помеѓу Бугарија, Грција и Србија за војна против Турција и во тоа меѓусебно договарање значајно место имал и српскиот конзул во Битола.

Српски конзулат

Зградата денес, а некогаш Српски конзулат

ул. Кирил и Методиј бр. 18
Објектот е изграден при крајот на 19 век и е решен со визба, приземје и кат. Расчленетоста на ѕидните маси е постигната со поластри, венци и симетрично поставени прозорски отвори.
Конзулска Битола
Автор: Никола Миновски
НУ Завод и Музеј - Битола
2002 г.

 

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en