Бугарски Конзулат

Бугарски Конзулат
Бугарската држава со Одлуките на Берлинскиот Конгрес (1878) год., и неколку месеци пред тоа, со Санстефанскиот мировен договор е создадено Бугарско автономно кнежество, немала право да отвора свои дипломатски претставништва. Затоа такви ингеренции им давала на трговските агенства се до 1908 год. Тоа е период кога Бугарија добила независност. За прв пат Бугарското Кнежество во Битола отворило трговско агенство во 1897 год. Прв човек во агенството бил Г. Стојчев, кој на таа должност останал се до 1899 год. Иако бугарското претставништво го носело името трговско агенство, тоа како и грчкото и српското дипломатско претставништво, се оддало на својата големо бугарска кауза да им се вреже во главите на Македонецот дека “сме с шти народ со Бугарите”, а дека Македонија е само географски поим. Агенството правело големи усилби да го врховизира и раководството на внатрешната револуционерна организација на Македонија.
По Стојчев, со бугарското агенство во Битола, раководи П. Михајлов (1900-1902) год. Потоа на негово место доаѓа докторот Кулишов, кој на таа должност останал половина година, за да биде заменет од Д-р. Б. Башков и речиси сите останувале за кратко време заради незадоволството на бугарската влада од нивната неумешност да ја спроведат особено познатата политика на бугарската влада кон Македонското прашање.
Со доаѓањето на прв човек на бугарското трговско агенство на Д-р. Андреј Ташев состојбите во агенството како да се стабилизираа. На таа должност бил од крајот на 1903 год. се до крајот на 1905 год. Тој особено се интересирал за постраданото население во Илинденското востание. Во текот на 1906-1907 год., се до почетокот на 1908 год., со бугарското трговско друштво раководи Живко Добрев, кој по заминувањето во бугарската амбасада во Лондон, заменет е со Нетков.
Во 1908 год., Бугарското Кнежество се здоби со целосна независност, од кога, трговското агенсто во Битола, било подигнато во ранг на конзуларно дипломатско претставништво.
Зградата денес, некогаш Бугарски конзулат
ул. Јорго Османо бр. 20
Објектот е изграден во почетокот на 20 век и се до 1920 год. се користи како резиденција на Бугарскиот конзулат.
Според своите стилски карактеристики претставува еклектична градба со неокласични стилски обележја, во смисол на расчленување на фасадите, обликот на отворите и профилацијата околу нив.

Бугарската држава со Одлуките на Берлинскиот Конгрес (1878) год., и неколку месеци пред тоа, со Санстефанскиот мировен договор е создадено Бугарско автономно кнежество, немала право да отвора свои дипломатски претставништва. Затоа такви ингеренции им давала на трговските агенства се до 1908 год.

Тоа е период кога Бугарија добила независност. За прв пат Бугарското Кнежество во Битола отворило трговско агенство во 1897 год. Прв човек во агенството бил Г. Стојчев, кој на таа должност останал се до 1899 год. Иако бугарското претставништво го носело името трговско агенство, тоа како и грчкото и српското дипломатско претставништво, се оддало на својата големо бугарска кауза да им се вреже во главите на Македонецот дека “сме с шти народ со Бугарите”, а дека Македонија е само географски поим. Агенството правело големи усилби да го врховизира и раководството на внатрешната револуционерна организација на Македонија.

По Стојчев, со бугарското агенство во Битола, раководи П. Михајлов (1900-1902) год. Потоа на негово место доаѓа докторот Кулишов, кој на таа должност останал половина година, за да биде заменет од Д-р. Б. Башков и речиси сите останувале за кратко време заради незадоволството на бугарската влада од нивната неумешност да ја спроведат особено познатата политика на бугарската влада кон Македонското прашање.

Со доаѓањето на прв човек на бугарското трговско агенство на Д-р. Андреј Ташев состојбите во агенството како да се стабилизираа. На таа должност бил од крајот на 1903 год. се до крајот на 1905 год. Тој особено се интересирал за постраданото население во Илинденското востание. Во текот на 1906-1907 год., се до почетокот на 1908 год., со бугарското трговско друштво раководи Живко Добрев, кој по заминувањето во бугарската амбасада во Лондон, заменет е со Нетков.

Во 1908 год., Бугарското Кнежество се здоби со целосна независност, од кога, трговското агенсто во Битола, било подигнато во ранг на конзуларно дипломатско претставништво.

Бугарски конзулат

Зградата денес, некогаш Бугарски конзулат

ул. Јорго Османо бр. 20
Објектот е изграден во почетокот на 20 век и се до 1920 год. се користи како резиденција на Бугарскиот конзулат.
Според своите стилски карактеристики претставува еклектична градба со неокласични стилски обележја, во смисол на расчленување на фасадите, обликот на отворите и профилацијата околу нив.

Конзулска Битола

Автор: Никола Миновски

НУ Завод и Музеј - Битола

2002 г.

 

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en