ЈА ИЗЛЕЗИ КАЛЕШ СТОЈНЕ

Ајде, ја излези, калеш бре Стојне,
на горно портиче, на бели друмови,
да ги пречекаш, Стојне, ергените,
ергените, бре Стојне, битолчани!
Ајде, наредени седумдесет и седум,
одбрани јунаци — сите Македонци,
ајде наредени, Стојне,
накитени со нагант леворвери, манлихери.
Ајде, со нив терат седумдесет и седум
товарни карвани со свила и памбук
— право ми тргат, Стојне, за Крушово,
за Крушово, бре Стојне, Мечкин Камен.
Ајде, там' се бијат славни јунаци,
славни јунаци — одбор Македонци,
ој, чело води, Стојне, војводата,
војводата, бре Стојне, Питу Гули.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en