КАЖИ УБАВО ДЕВОЈЧЕ

— Кажи, кажи, убаво девојче,
кажи, кажи што да ти донесам,
утре ќ' одам, аман, аман, во Битола града,
кажи, кажи, аман, аман, што да ти донесам?
— Купи, лудо, свилено фустанче,
за фустанче, шарено коланче,
да препашам, аман, аман, тенка половина,
да излезам, аман, аман, долу во селото.
Во селото, село е весело;
На орото кога ќе се фатам,
да напукам, аман, аман, младите ергени,
да ми завидат, аман, аман, моите другарки.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en