НИКОЛА КАРЕВ

Многу ми е мерак, мајко,
многу ми е мерак,
многу ми е мерак железар да бидам.
Железар да бидам, мајко,
железар да бидам,
железар да бидам во града Битола.
Во града Битола, мајко,
во града Битола,
во града Битола — Битолското џаде.
Битолското џаде, мајко,
Битолското џаде,
Битолското џаде од десната страна.
Од десната страна, мајко,
од десната страна, од десната страна
— накај Мариово. Од таму да гледам,
мајко, од таму да гледам,
од таму да гледам моми мариовки;
Моми мариовки, мамо, моми мариовки,
моми мариовки, момци мариовци;
Момци мариовци, мајко, момци мариовци,
момци мариовци — момци Македонци.
Меѓу ними, мајко, славен јунак стои,
славен јунак, мајко, Кољо Крушовецот,
Кољо  Крушовецот, мајко, тој НИКОЛА КАРЕВ.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en