БОЛНА ЛЕЖЕ КАТЕРИНА

Болна леже Катерина,

болна леже три години,

три години на постела;

болна леже, ќе да умре.

Ој ти мамо, мила мамо,

ојди, мамо, на чаршија

да ми купиш портокали,

да разладам мојто срце,

мојто срце тригодинско,

тригодинско уболено.

— Ој ти мамо, мила мамо,

да го викнеш Костадина,

да го викнеш, да ме виде,

да ме виде, да го видам,

да му речам два зборови,

да ми фате една кола,

да ме носе на Битола,

на Битола, на спицарја,

да го викне големијо,

големиот лекар Манолаќи,

да ме фати за раката,

да ми виде мојта болест,

мојта болест тригодинска.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en