КИРАЈЏИВЧЕ ЈАБАНЏИВЧЕ

— Кирајџивче, јабанџивче,

одиш, идаш на чужџина,

на чужџина, на јабана,

на јабана во Битола.

Ќе т' опитам, да ми кажиш,

да ми кажиш вистината:

Ал' го виде мојто момче,

мојто момче јабанџивче?

— Ај невесто црнооко,

црнооко, белолико,

делми мене ме опитвиш,

ќе ти кажам вистината,

ќе ти кажам, не те лажам:

Јас го видов твојто момче,

јас го видов и го познав,

ти пушчаше „здраво-живо",

„здраво-живо", аманети,

аманети двајсет лири:

Десет лири за момето,

за момето за гушето;

уште десет да се мажиш,

да се мажиш, да не го чекаш!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en