БОЛИ ЈАНА БЕЛО ГРЛО

Боли Јана бело грло,

не е грло како грло,

туку ми е љута рана.

Никој Јане не верува:

Ни мајка е, ни татко е,

нит' нејзини девет браќа,

нит нејзини девет снаи.

Тоа што ми ја верува,

тоа ми е надалеку,

надалеку во Битола,

во Битола, во меана,

на меана, при Петкана.

— Ој Петкано, крчмарице,

турај вино немерено,

земај пари неброени!

Денес писмо сум добило

од моето прво либе,

либе било многу болно,

скоро либе ќе умира.

Турај вино да пиеме

и да си се веселиме,

дека ние дваицата

скоро ќе си се земиме.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en