НА КОГО МЕНЧО ИСПРАЌАШ

— На кого, Менчо, испраќаш,

ах, тоа писмо жалосно?

— Јас ќе го, мајко, испратам

на таа пуста туѓина,

во таа града Битола.

Таму е, мајко, либето,

за да ми купи бел ф'стан,

бел ф'стан, мајко, кроазен;

Јас да го носам, мајко ле,

тој да ме гледа од страна.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en