БОГ ДА ГО БИЕ КОДОШОТ

Бог да бие -кодошот,
Кодошот Петре Лигушот.
Та што ми дојде Битола,
Битола право на сарај,
на сарај кај валијата,
та што му вели говори:
Деј гиди пашо валија,
да не м' извадиш на мегдан,
на мегдан пред комитите.
— Тогаш вели на валија:
„Оди си право в касарна,
земи си девет табури,
девет табури потера,
потера силна аскера,
сардисај село Могила,
Могила долната маала;
Могила има комити.
Ишетај куќи, кошари,
таму е Димко комита,
со си стар дедо Јандрета."
— Ишетале Турци низ село
и ми го нашле стар дедо,
стар дедо Јандре комита
и тој ми Димко комита.
Првата пушка што пукна
Саита ми го кутнала,
побегле Турци од село.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en