К'Т ЌЕ ДА ИДЕШ БАТЕ КОЛЕ

К'т ќе да идеш, бате Коле,

к'т ќе да идеш, Никола,

к'т ќе да идеш за на печалба,

за на печалба, за град Битола,

да ми донесеш од свила фустан,

јас да го носам, ти да ме гледаш,

дали ми прилега да станам невеста!

К'т ќе да идеш за на печалба,

за на печалба, за град Битола,

да ми донесеш убави кондури;

јас да ги носам, ти да ме гледаш,

дали ми прилега да станам невеста!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en