ЕДНО ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТНАЈСЕТ ГОДИНИ

Едно девојче од петнајсет години, џанам,

со телојте на главата ) момчето си го плачеше.

А мајка е на ќерка е велеше, џанам:

„Малчи, ќерко, не плачи ми,

ќе ти најдам поубо момче!"

А ќерка е на мајка е велеше, џанам:

„Мори стара, сматуфена,

ти не знаиш шчо ми зборуваш!

Како моето момче нигде немаше, џанам,

ни во турско, ни в каурско,

ни во пуста, мајко, Битола."

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год


top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en