СНОШТИ СИ ДОЈДОВ ОД ГРАДА СОЛУНА

Сношти си дојдов од града Солуна,

та си поминав покрај Битола,

си поминав низ тесните улици,

низ тесните улици бела калдрма газев,

та си појдов Битолско Поле, си прошетав,

тамо си го најдов моето верно либе,

на круша седеше, жолти круши јадеше,

жолти круши јадеше, црни веѓи чешљаше,

црни веѓи чешљаше, бело лице гледаше,

бело лице гледаше, тажна песна пееше:

„А што го нема либето да ме види, да ме слушни,

да се видам, не се видов три години!"

А кога го виде либето жално го зграби,

и така умре во Битола, битолски гробишта.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en