ВОЈВОДА ОДИТ БИТОЛА

Војвода одит Битола,

невеста одит на вода

со двене стомни шарени.

Војвода што е велеше:

— Невесто, жити два брата,

јас нешто ќе те опитам,

ти мене прау да хажиш!

Имате село големо,

ал' имат моми убави,

ал' имат мома за мене?

Невеста што му велеше:

— Војводо, жими два брата,

вистина село големо,

ми немат моми убави,

саде золва ми Бојана,

и таја ми е свршена

у Димитрија Робета

за Делипала Никола.

— Невесто, жити два брата,

ал' можиш да ја премамиш?

— Војводо, жими два брата,

јас можам, како не можам,

јас можам да ја премамам:

Татко е ќ' одит на пазар,

мајка е ќ' одит на гости,

а брат е ќ' одит на дрва.

Ти да ми дојдиш на порта,

ти да ми кљукниш на врата.

Ќe ја потерам золва ми: „

Сестрице, Бојо, Бојано,

кој кљукат, Бое, на врата?

Излези на мала врата:

Мајка си идет од гости,

татко си идет од пазар,

в пазува носит симиче,

в џепои носит хостени".

Боја ќ' отворит вратата,

ти да ја фатиш за рака,

прау патем да ја не носиш,

прау црква да ја однесиш;

да викнеш девет попои!

Кога ќе Боја венчает,

вратата да ја затвориш!

С измами Боја, излезе,

часот војвода ја грабна.

Бојана љуто проколна:

— Оган ја мавнал Битола!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en