ЦАПАР ЦУПАР ДРАГАНО

Цапар, цупар, Драгано,

зашчо не ми си казало

оти си болно лежало?

Понада да ти донесам:

Кисело, благо јаболко

по месечина крадено,

во момин ковчег криено,

во зетовската махрама.

Понада да ти донесам

битолска бела погача,

охридска риба летница,

струшкана танка јагула,

елшански дренки црвени,

пешчански црни муренки,

велгошки благи костени.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en