РАЗЛИСТА ГОРА ШУМА ЗЕЛЕНА

Разлисти гора, шума зелена, аман, аман;
Низ гора врват затворниците,
затворниците — Македонците.
Право ми тргаат града Солуна, аман, аман,
во град Солун, во Једи Куле.
Најнапред оди Петре Лигушо,
Петре Лигушо од Јени Мале.
He ми отиде во град Солуна, аман, аман,
тук ми отиде во град Битола,
во град Битола кај валијата:
— Та ој ти тебе, вали ефенди,
аман, аман, јас ќе ти кажам — докажам
каде имаат пушки патрони,
пушки патрони, бомби, динамит.
Сардисајте ја Света Недела,
каде имаат пушки, патрони,
пушки патрони, бомби, динамит.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en