ШЕРО ИДЕТ ОД БИТОЛА

Шеро идет од Битола,

Митра идет од работа.

Митра идет од работа с

о мотика на рамена;

и со Митра лична Панда,

лична Панда и Борејца.

Се сретија меѓу Ресен,

меѓу Ресен и Јанкоец.

— Запри, Шеро, автомобил

да се ние еј качиме!

Ми се качи лична Панда,

лична Панда и Борејца,

а за Митра место нема.

Шеро Митре е велеше:

— Ела, Митро, на колено,

навали се на рамено!

С една рака ќе го терам,

со другата ќе те гушкам!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en