МАЈКО ЛЕ МИЛА МАЈКО ЛЕ

— Мајко ле, мила мајко ле,

поминав покрај Битола;

што видов момче убаво,

— сивего коња вјаваше,

руси мустаќи сучеше;

силен ми ветер вееше,

русо му перче вееше!

Мајко ле, мила мајко ле,

али ме даваш за него?

— Постој, ќерко ле, почекај,

твојот ти татко не тука,

дури да дојдит татко ти!"

— Мајко ле, мила мајко ле,

ето го татко ќе идет,

од мала врата ќе влезит.

Остани збогум, татко ле,

и прошчавај ме, мајко ле!

Дури в година ќе дојдам,

со машко дете на раце,

со момчето ми пред мене,

и јас си сама по него.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en