КАЛЕШ ЈАНА

Јано мори, калеш Јано,

што те мајка, Јано, лична роди,

лична роди, Јано, те облече,

те облече, Јано, те промена

во рувото, Јано, велигденско.

Те испрати, Јано, пред дуќано,

да ми гориш, Јако, младо срце.

Дигни глава, Јано, алтан чело,

погледај ме, Јано, со очите,

со очите, Јано, филџанови,

под веѓите, Јано, гајтанови!

He оставај, Јано, ти јадови,

јадови, ле Јано, нелечиви!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en