ОЈ ДАСКАЛЧЕ

Ој даскалче, што си лудо,

напразно време си губиш!

Однеси ме во Битола,

ако сакаш да ме љубиш.

Прошетај ме низ пазарот

и купи ми добар дар,

поарџи се, пољуби ме,

пак ќе сториш малку ќар.

Прошетај ме низ корзото,

или води ме на кино,

поарџи се, пољуби ме,

сепак ќе ти биде фино.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en