МОМА ГРОЗДА

Угреала, Гроздо ле, месечина,

месечина, Гроздо ле, како дења,

како дења, Гроздо ле, за бегање.

Да бегаме, Гроздо ле, град Битола,

да појдеме, Гроздо ле, коњски пазар,

да ти купам, Гроздо ле, брза коња,

ти да вјаваш, Гроздо ле, јас да одам.

Да ти купам, Гроздо ле, бела руба,

— една руба, Гроздо ле, катаденска,

втора руба, Гроздо ле, велигденска.

Да појдиме, Гроздо ле, на орото,

ти да играш, Гроздо ле, јас да пуљам!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en