СИРОМАШКО МОМЕ

Си поминав, си заминав низ град Битола,

там си сретив, там си најдов моме убаво.

— Имаш мајка, имаш татко, дал' си богато?

— Немам мајка, немам татко, сум сиромашко!

— Ќе те питам, ќе те прашам, јас да те земам?

— He лудувај, не мами се, ти лудо младо!

Немој да си губиш време, ти лудо младо,

немаш пари, немаш ништо, јаска те нејќам!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en