МОМА ГРОЗДА

Сал си одам, сал си питам

дека седи Грозда мома,

Грозда мома битолчанка,

битољчанка, баирчанка.

Она седи понагоре,

понагоре, горно маало.

Нејна порта бележита:

До портата бела чешма,

до чешмата дафин' дрво,

на дрвото славеј пиле,

славеј пиле славно пее:

— Што се сака, не се зема,

што се нејќе, ќе се земе!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en