ДАЈ МИ БОЖЕ ШТО МИ СРЦЕ САКА

Девојка си бога помолила:

— Дај ми, боже, што ми срце сака!

Срце сака очи соколови,

што гледаат мошне надалеку,

срце сака крилја лебедови,

што летаат многу нависоко,

да си појдам во града Битола,

да си купам игла од биљура,

да сошијам јорган за беќара,

и да купам руво за невеста,

да се вратам, пак да се омажам,

да го земам тоа што го сакам.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en