ЗАВИЛА СЕ БЕЛА ЛОЗА

Завила се бела ми лоза,

завила се окол' Битола града;

Под лозата една ми чешма шарена,

под чешмата една ми плоча мермерна,

врз чешмата до две ми чаши сребрени,

у чашите рујно вино црвено,

у виното до две грутки шеќерни.

Ја гледајте, как' се топи шеќерот,

така се топи и мојто срце од љубов.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год


top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en