ДОЈДОВА РАДО

Дојдова, Радо, дојдова, ќерко,

од девет села стројници.

Од девет села стројници, ќерко,

од десет куќи богати;

од десет куќи, богати, ќерко,

од бабам града Битоља.

Од бабам града Битоља, ќерко,

за това маало јеврејско;

за това мало јеврејско, ќерко,

за това ж'то Јеврејче;

за това ж'то Јеврејче, ќерко,

тамо си мајка не дава.

Кај што те срце тргнало, ќерко,

за това ж'то Јеврејче;

за това ж'то Јеврејче ќерко,

тамо си мајка не дава!

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en