СЕДНАЛА ЛЕНКА ДА ПЛАЧЕ

Седнала Ленка да плаче

на високине чардаци.

Ми ја дочула мајка и:

— Зошто, мила ќерко, ми плачеш?

— Како, мила мајко, да не плачам,

либето ми се посврши

за едно чупе баирче!

— Молчи ми, ќерко, не плачи,

полно е во Битола беќари:

танки, високи, црвени,

бели, руси и калеши.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en