МАНОИЛ ВОЈВОДА

Коња ковет Маноил војвода,
коња ковет по ноќна доба.
Плочи кое — оканици,
клинци кое — стодрамници,
а наутро коња обосена.
Го распита неговата жена:
— Каде одиш, Мануло војвода?
каде одиш нозе кршиш!
Ноќе коеш своја брза коња,
ноќе коеш дење обосена?
— Ал ме питаш, млада Манолице,
ал ме питаш право ќе ти кажам:
Јазе одам у Будима града,
таму љубам будимка девојка.
А од таму во Едрене града,
таму љубам едренка девојка.
А од таму во Солуна града,
таму љубам солунка девојка.
А од таму во града Битола,
таму љубам жолтана Еврејка.
А од таму наше Мариово,
таму љубам млада Мариовка,
Мануилка бело променета.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en