ЕВРЕЈКА ПРИСТАНАЛА ЗА РИСЈАНИН

Излегов да се прошетам

низ таа града Битола,

низ битолските сокаци,

низ тие тесни чикмаци;

Там видов моме Еврејче,

на висок диван седеше,

во рака чешел држеше,

руса си коса чешлаше,

луто си мајка колнеше:

— Пукнала, мајко, треснала,

зошто ме роди Еврејче,

зош' не ме роди рисјанче!

Рисјани в црква си одат,

рисјани бога си молат,

рисјани свеќи си палат;

Евреи в црква не одат,

Евреи свеќи не палат.

— Де гиди, моме Еврејче,

иди си прашај мајка ти,

дал' ќе те дава за мене!

— Mope, ни мајка прашувам,

само по тебе ќе идам.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en