РАШЕТАВ МАЈКО ПРОШЕТАВ

Рашетав, мајко, прошетав,

низ таа пуста Битола,

низ тие тесни сокаци,

низ тие кални калдрми,

низ тоа маало еврејцко.

Си видов моме Еврејче,

на висок диван седеше,

руса си коса чешлаше,

бело си лице белеше,

корална уста црвеше.

(3) Од оваа песна има повеќе варијанти (кај мене за-бележани осум). Разликата и измените во содржината се незнатни.

— Пукнала, мајко, треснала,

зошто ме роди девојче,

зошто ме момче не роди,

да земам моме Еврејче.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en