ЏАН ДЕВОЈЧЕ

Кога си бев, мила мамо, во Битола

си заљубив џан девојче битолчанче,

џан девојче битолчанче, баирчанче.

На снага е танко, стројно и високо,

на лице е бело, мамо, и црвено.

Џан девојче битолчанче,

битолчанче, мамо, баирчанче.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en