ЛУДИ МЛАДИ ГОДИНИ

Ој вие млади, џанам, години,

летнавте како бели галаби,

слетнавте во момини скутови,

за мене каил не се сторивте!

Ергенлек, мила мамо, пашалак,

моминство, мила мамо, везирство!

Барем се ерген, мамо, нашетав

низ таа града, мамо, Битола!

Битолски моми, мамо, наљубив,

рисјанки, мамо, та и Еврејки!

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год


top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en