ОБЕСУВАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏОВ

Црно му било пишано
на Александар Турунџов:
Шеснајсет години војвода,
на седумнајсе го фатија.
Го кладоа во долапи,
во тешки пранги железни.
Бог да го бие пашата,
тој валијата битолски,
тој на Александар говори:
„Кажи, бре, кажи, Александро,
шчо досега си направил?"
Ми одговори Александро:
„Де гиди, пашо битолски,
нели ме прашваш, распрашваш,
се право ќе ти раскажам:
К'шлите сум 'и изгорил,
железници бомбардирал,
Турците сум 'и истепал,
анките сум 'и одбулил."
Тогаш се паша наљути
и љуто ми го излага:
„Ја излези, бре Александро,
надвор е твојата невеста,
со машко дете.на раце!"
Се израдува Александро,
излезе од долапите.
Тогаш му раце врзаа,
на бесилка го однесоа,
на бесилка — на Ат-пазар.
Дојде поп да го отпева
и дробни солзи пророни.
Александар му прозборва:
„Не плачи, дедо, не жалај!
Ако ме мене обесат,
нека се живи браќа ми
— поарни ќе се од мене,
поарни храбри војводи!"
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en