ЈОРДАН ПИПЕРКАТА ВО СЕЛО ПРИБИЛЦИ

„Излези, Гурѓо, надвор во дворо,
па распули се горе в балконо,
да 'и видиш, Ѓурѓо, комитите,
како се редат на три реда
по сто души, Гурѓо, триста души,
а со ними и девет војводи!
Право слегваа в село Могила
та таму гура да ми тргаа.
Гура тргаа, клетви земаа —
кој ќе ми оди во село Прибилци...
Гура му падна н' Ордан Пиперка —
тој да ми оди в село Прибилци,
в село Прибилци, кај тој мудуро,
за да му земи до триста лири,
до триста лири се жолти пари,
да 'и наружа сите четници.
Го сардисаа село Прибилци
и го фатија мудуро таму,
па му зедоа до триста лири,
до триста лири и тевтерите;
му исправија сите бајраци,
сите бајраци и крстовите;
ја расфрлија сета вергија
и ми собраа спаилоците.
Ми заседнале до десет дена ...
Абер ми дојде дури Битола,
достигнала е турскана војска
и се завати голема борба.
Штом ми испадна турската војска,
го оставиле село Прибилци.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en