ЦРВЕНО ЗНАМЕ ВЕТРЕЕ

Црвено знаме ветрее, Македонијо,
Јордан Пиперков сардисан во тоа село Брезово.
Пристигна силна потера:
до двесте-триста помаци,
петстотин' души војници;
сам валијата битолски
потргнал силни топови.
Сетиле куриерите,
на часот абер сториле,
Јордану абер сториле.
Извикнал Јордан војвода:
— Дружино верна, зговорна,
Македонијо, земете пушки на рамо,
земете бомби, динамит,
фрлајте бомби, динамит!
Ми отстапија војници,
Јордан Пиперков се спаси
и неговата дружина.
Сам валијата говори:
— Аферим, Јордан Пиперков,
Алал да ти е јунаство!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en