МИЈАЈЛЕ ВОЈВОДА

Што му текна, леле, Мијајлету,
Мијајлету, леле, од Велмевци,
да излези, леле, млад комита,
млад комита, леле, баш војвода,
да прошета, леле, низ Ресенско,
низ Ресенско, леле, низ Преспанско,
низ Преспанско, леле, низ Костурско!
Па се врати, леле, во Битолско,
и отиде, леле, во Битола,
во Битола, леле, Широк Сокак,
кај Никола, леле, чорбаџија,
му заплени, леле, машко дете,
машко дете, леле, богаташко,
богаташко, леле, гркоманче.
Го однесе, леле, во Пелистер,   *
што напиша, леле, бела книга,
бела книга, леле, црно писмо,
абер стори, леле, на татко му,
на Никола, леле, чорбаџија,
да испрати, леле, малу пари,
малу пари, леле, триста лири.
Се собраа, леле, гркомани,
ми собраа, леле, триста лири,
однесоја, леле, во Пелистер,
и си дете, леле, откупија.
Па се врати, леле, Мијајлето,
па се врати, леле, во Ресенско,
и отепа, леле, тој Зулума,
тој Зулума, леле, цар ресенски —
голем зулум, леле, ми правеше.
Народот се веќе ослободи!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en