БЕГСТВО НА ЗАТВОРЕНИЦИ ОД БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР

„Ќе те прашам, бабо мори,
право да ми кажиш,
право да ми кажиш, бабо мори,
немој да ме лажиш:
Кој војводи беа, бабо,
кој кумети беа?"
„Дел' ме питаш, аго море,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам, аго,
нема да те лажам.
Ни војводи беа, аго,
ни кумети беа,
туку ми се, аго море,
пусти апсанџии,
пусти апсанџии, аго море,
од пуста Битола.
Тој напред што беше, аго,
Димко Миновото,
и по него беше, аго,
Даме Аџикочо,
и по него беше, аго,
Петре Марковчето.
Леб јадоа, аго море,
писмо му пристигна,
писмо му пристигна, аго,
од нивен началник:
Тамо да си одат, аго,
пушки да ми земат,
пушки да ми земат, аго,
пушки манлихерки ..."
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en