КОСТА ВОЈВОДА

Избегал Коста војвода
од битолските зандани.
Излегол горе в планина,
по тие треви зелени,
под тие сенки широки.
Отишол Коста војвода
на Ѓурчиново бачило:
— Еј гиди Ѓурчин ќеаја,
заколи јагне сугаре,
месото да му јадеме!
— Де гиди Коста побратим,
дељми те тебе јас видов,
угичот ќе го заколам,
месото ке му јадеме!
— Ја дај ми долга дуљбија
д' огледам поле Прилепско,
дал' има многу потера.
Ѓурчиноа сестра му рече:
— Седи си, Коста, слободен,
јас ќе излезам да видам!
Излезе таа, догледа,
догледа поле Прилепско.
Кога виде силна потера,
на Коста таа му велит:
— Де гиди Коста војвода,
иде ми силна потера!
Коста војвода продума:
— Де гиди Гурчин ќеаја,
подај ми пушка берданка,
јас да се добро обружам,
метерис убав да фатам,
турска потера да дочекам!
Дури не кутнам стомина,
јас жив не се предавам,
јас на нив ќе си одмаздам!
Силна потера пристигна
на Гурчиново бачило.
Мулјазим пита Гурчина:
— Кажи ми, Гурчин ќеаја,
кај појде Коста војвода?
Ако ми Коста не кажиш,
главата ќе ти откинам!
Ѓурчин ќеаја не кажа
каде е Коста војвода.
Мулјазим глава му скина.
Отиде горе в планина
кај Костовата пусија.
Огон ми Коста отвори,
доста ми Турци паднале.
Оружје му се свршило.
Тогај се Коста сам уби,
на 'Ѓурци жив не се даде.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en