КАЖИ РЕЧИ АНКЕ

— Кажи, речи, Анке, недеј л'жи,
дека ти е, Анке, твојто момче?
— Мојто момче, аго, г' отепае,
г' отепае, аго, клети Турци,
клети Турци, аго, клети Арнаути.
— Кажи, речи, Анке, не ме л'жи,
јас го виду, Анке, крај Вардара,
крај Вардара, кучке, крива река.
Тој водеше, Анке, триста души,
триста души, Анке, баш комити.
Тој му беше, Анке, бајрактаро:
први беа, Анке, костурчани,
втори беа, Анке, леринчани,
трети беа, Анке, битолчани.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en