СМРТТА НА ТАЌИ ДАСКАЛО

Тамо, ле мајко, близу Битола
в Ореовската г'ста корија
Таќи Даскало славно загина
со неговата верна дружина;
Co нив загина смела другарка,
млада Елпида Карамандова.
Предадени од клети шпиуни,
ги сардисаа од сите страни;
Пушки згрмеа, бомби стрештеа,
крвава почна борба нерамна.
Тогаш извика Таќи бестрашен
на неговата верна дружина:
„Смело гинете, верни другари!
Фрлајте бомби, тиран сотрете,
живи во рака не се давајте!"
Клети тирани в борба нерамна
сета дружина му ја избија.
Таќи Даскало жив не се даде,
самиот крвта си ја пролеа,
откачи бомба, над неа легна,
младост прежали за слободата,
за слободата на Македонија.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en