НАУМ КАПИДАН

Одил е Наум капидан
до Лазевата бакчија.
Тамо ми конак кондисал
со неговите верни другари.
Наум му вели, говори:
— Деј ѓиди Лазе побратим,
свари кафе да пиеме,
потоа ќ' одиш Битола.
Јас ќе ти дадам пет лири,
ти да ми одиш Битола,
ем да ми купиш таками,
таками бели фустани
и тие пинци корчански
за моите верни другари.
Лазе му вели, говори:
— Деј ѓиди, Наум капидан,
деј гиди, Наум побратим,
земај си чета, бегај од тука,
оти лош сон сум сонувал:
Аскер ќе те сардиса!
Наум му вели, говори:
— Деј гиди, Лазе побратим,
не верувај на сонови,
сонови се лажовни!
Ушче си така зборува,
аскерот ги сардиса.
Извика бимбашијата:
— Излези, Наум капидан,
да ти е .. . верата!
Наум ми малу откина,
летна долу по реката,
по реката Коњарката.
Во вир го фрли тагарчикот,
тагарчикот со златото.
Наум се изгуби долу реката
,, долу реката, Коњарката.
Та_му го фати стражата.
— Кажи, бре капидан, кај бегаш?
Каде ти е четата?
Ништо Наум не прозбори,
сам тргна пушка се уби.
Тогаш Турци посегнаа,
крстот златен му го зедоа.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en