ФАНКА ШТИПЈАНКА

Од балкан слегла Фанка Штипјанка,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам!
Од балкан слегла, в Битола влегла,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам!
В Битола влегла, пушка фрлила,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам!
Пушка фрлила, Турчин убила,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам!
Турчин убила, бајрак развила,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам.
Бајрак развила и не се скрила,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам.
Јунак сум била, сум го убила,
ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам!
Ербап сум била, не сум се скрила,
Ајде, моме, на вода да те заведам,
момиченце малечко, да те пољубам!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en