ХУРЈПИД ПАША ВО БИТОЛА

Вели-бег мајка караше:
„Не оди, синко, не оди,
не оди во град Битола!
На тебе лут е везирот,
везирот садриазамот,
заш' го пленивте Кожани;
Кожанци ти се душмани,
тешки давии сториле.
" Вели-бег мајка не слушат,
многу си аскер собрало;
Поведе Тоски, Колунци,
право ми тргат Битола;
Битола ми ја наполни,
Битола ми ја потресол.
Вели-бег шчо ми кондисал
на кафјаната висока;
Нога на нога ми седнал,
со Арслан-бега заедно
голем муабет чинеет.
Тука ми везир поминал,
везирот сељам даваше,
сите му сељам зедоа,
Вели-бег сељам не зеде.
Тогај му везир велеше:
„Вели-бег чедо царево,
што си ми мене наљутен,
што лошо јас сум ти сторил?"
Вели-бег му говореше:
— Везире, садријаземе,
како да не сум налутен!
— Три пати дојдов на индат
алјакот не си ми платил!
— Вели-бег, чедо царево,
утре да дојдиш Довлеџик,
тамо ќе ручек ручаме,
есапот ќе си сториме,
сарафи пари ќе бројат,
граматици ќе запишват,
алјакот да си земите.
Вели-бег ми се измами,
со Арслан-бега заедно,
право ми ошле Довлеџик,
Тоските зеле со себе.
Паша зајафет напраил,
Довлеџик ручек ручале.
Тогаш ми велит пашата,
на својот аскер поељат:
„Слушајте, царски синои,
ај да си талим сторите,
сеир ќе ние чиниме!
" Пашата шчо ги научил:
Први талим ќе сторите куршуми
да не клавате, откак' ќе талим сторите,
Тоските ќе ги натерам
и тие талим да сторат;
Откак' ќе талим стореет,
бории ќе засвиреет,
тогај пушки да полните,
да ги полните с куршуми.
Откак' ќе Тоски испразнат,
на ними да си удрите!
" Тогај им паша поелал:
„Вели-бег, чедо царево,
натерај Тоски, Колунци
и тие талим да сторат;
Да чујам пушки тоскински,
да видам талим колунски,
каков ми талим имате!
" Вели-бег ми се измами,
натера Тоски, Колунци:
„Слушајте, мојте синови,
ај и виј талим' сторите,
везир ке сеир починит!
" Како ги Тоски натера
и тие талим сторија;
Везирот сеир чинеше.
Колку пушки испразниле,
бории ми засвириле,
азар се аскер сторија.
Дури да Тоски наполнат,
аскерот на ним фрлаа,
силен ми јуриш сторија,
Тоските ми ги скршија.
Вели-бег тога побегна;
Хатлии ми се спушчија
и него ми го фатија,
есапот му го платија,
сите му Тоски згубија.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en