АРНАУТИ АРАМИИ

Арнаути бога молат:
„Дај ми, боже, летно сонце
стреде зима коложега!
Д' излезиме по планина,
да ватиме дервените,
кај педесет, кај шеесет,
Ќилит Дервен стојпедесет.
Тука врват базирјани,
базирјани, битолчани,
негде-годе од Крушоо.
" Како бога помолија
тагса господ и им даде:
Им угреа летно сонце
стреде зима коложега,
с' излегоа по планина,
си ватија дервените,
кај педесет, кај шеесет,
Ќилит Дервен стојпедесет,
дека врват базирјани,
базирјани, битолчани,
негде-годе од Крушоо.
Кога даде господ зима
кој как беа останаа.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en