ТУРСКА ПОСЕСТРИМА

— Нано, чие е она, — кое е она,
она девојче, нано, на порте што стои?
Нано, става има, нано, става има,
става има — солунска сељфија.
Нано, нозе има, нано, нозе има,
нозе има — солунски диреци.
Нано, лице има, нано, лице има,
лице има — битолско симитче.
Нано, веѓи има, нано, веѓи има,
веѓи има — морски пијавици.
Нано, коси има, нано, коси има,
коси има — трска од сред море.
— Mope, слушај, сине, мајка да ти кажи,
мајка да ти кажи, сине: Тоа порте,
тоа порте, сине, турски конак.
Mope тоа моме, сине, турска посестрима,
турска посестрима, сине, турска посестрима.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en