МОМА В ЗАНДАНИ

Битола, мајко, Битола,
Битола, мајко, град голем,
таму се живот живее
по битолските механи!
Таму се живот живее,
таму се јади и пие.
Дека се чуло, видело,
мома в зандани да лега
девет години в десетта?
Никој од рода не дојде,
дојде гу стара мајчица.
— Кључару море апсанџи,
има ли мома в зандани?
Мома се викна, провикна:
— Тука сум, мајко, зошто сум!?
Бело ми лице пожолте,
руса ми коса опадна,
рамна ми снага окапа.
Давај, наддавај, мајко ле,
мене ме млада избави
од овје клети зандани!
— Давав, наддавав, ќерко ле,
Турчин ми пари не сака,
тебе те млада сакаат!
Извика мома од зандан:
— Девет години кај легам,
уш' девет годин' ќе легам,
верата не си ја давам,
верата не си ја менвам!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en