КАТИНКЕ МЛАДА НЕВЕСТО

Катинке млада мори невесто,
еве ти писмо јас носам
од битолските зандани,
од твојот млади Ангелчо.
Во писмото ситно пишува,
пишува, риџа ти чинит:
— Продавај, либе, залагај
цело татково имање,
за да ме мене куртулиш
од битолските зандани,
од тие темни зандани,
од тие тесни долапи;
Да не иструлам, Кате, в зандани
и тебе, Кате, не видам.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en